ilija-trojanow

Илија Тројанов

Илија Тројанов, роден 1965 година во Софија, израснал во Кенија, а денес живее во Виена. Студирал право и етнологија во Минхен и во 1992 година ја основа издавачката куќа „Марино“, специјализирана за африканска книжевност. Во 1998 г. се преселува во Индија од каде што пишува репортажи и есеи. Потоа извесно време живее во Капштат, па се враќа во Германија и на крајот се удомува во Виена. Досега има објавено преку дваесет книги кои се преведени на многу светски јазици, а добитник е и на бројни книжевни признанија, меѓу кои и наградата за најдобар роман за „Собирач на светови“, доделена од Лајпцискиот саем на книга во 2006 година.

1 книга од овој автор: