ilina-vedran

Илина Ведран

По професија сум економист во областа на менаџментот, но секогаш сонував за нешто друго. Еден ден одлучив да тргнам по својата страст и да го живеам она кое мене ме исполнува, а сето тоа значеше промена на секое поле во мојот живот. Благодарејќи на моја-та одлука, денес ја работам работата која ја сакам, успешна сум во областа на мотивацијата, со задоволство ја носам првата лиценца во Македонија Heal Your Life (Излекувајте го својот живот), програма која е базирана врз светски познатата метода на Лујза Хеј. Одржувам инспиративни и трансформациски работилници, семинари и мотивациски предавања со цел да ги мотивирам луѓето да го подобрат и унапредат својот живот. Меѓу моите страсти е и говорништвото, како и секојдневната инспирација на многу луѓе, а сето тоа е водено од една вистинска и искрена животна приказна. Покрај тоа, автор сум на книгата за деца со афирмации „Јас сум љубов“. Од сите тие улоги постои една која ми е најомилена, а тоа е улогата на мајка. Повеќе за мене дознајте на .... www.ilinavedran.com www.facebook.com/ilinavedran

1 книга од овој автор: