ina-vultchanova

Ина В'лчанова

Ина В’лчанова е новинарка, писателка, продуцентка и преведувачка од француски и од руски јазик, чија професионална кариера е посветена на уметноста на аудиодрамата. Магистрирала бугарска филологија на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија. Повеќе години била постар продуцент на Драматуршкиот отсек на Бугарското национално радио и продуцирала многубројни аудиоадаптации на дела од писaтели од Бугарија и од светот. За своите аудиопродукции има освоено Гран-при на фестивалот „Кај Марулиќ“, Хрватска, во 1998 година, втората награда на Берлинскиот фестивал во 1998 година и наградата „Муза“ во Софија, во 2006 година. Нејзиниот прв роман Потонувањето на Созопол (2007) беше филмуван во 2013 година, а во 2014 година В’лчанова ја доби националната награда за филмско сценарио „Златна роза“. Вториот роман, Записи на свињата, го објави во 2013 година. Нејзиниот трет роман Островот Крах ја доби Наградата за литература на Европската Унија во 2017 година. Моментално работи на нов филмски проект. Член е на Унијата на бугарските филмски работници.

1 book by this author: