Ингрид Уведие Волден
Ингрид Уведие Волден е родена во 1981 година, во Осло. Ја сметаат за еден од навистина добрите и важни гласови во норвешката литература за деца и млади. Дебитира со романот за деца и млади Сè што е важно, во 2016 година. Со него е номинирана за најдобар дебитант од страна на Министерството за култура на Норвешка. Следната година излегува од печат Срцето е тупаница. И двата нејзини романа добија одлични критики и се преведени на повеќе ја- зици, меѓу кои шведски, руски, бугарски, дански и германски. Ингрид У. Волден има дипломирано политички науки, а повеќе години е музички колумнист и критичар во повеќе весници. Живее и работи во Осло.