irene-solà

Ирене Сола

Ирене Сола е родена во Мала, во близина на Барселона, во 1990 година. Дипломирала ликовни уметности на Универзитетот во Барселона и магистрирала литература, филм и визуелна култура на Универзитетот во Сасекс. За нејзината прва книга, стихозбирката „Бестија“ (Галерада, 2012), ја добила наградата за поезија „Амадеу Олер“ и книгата е преведена на англиски јазик („Beast“, Shearsman Books, 2017). Со својот прв роман „Насипите“ (L’Altra Editorial, 2018) ја освоила наградата „Документа“ и ѝ бил доделен грант за литературно творештво од Каталонскиот оддел за култура.

Во 2018 година таа престојува како писател на резиденција во Меѓународниот центар за писатели „Алан Чеус“ на Универзитетот „Џорџ Мејсон“ (Вирџинија, САД), а кон крајот на 2019 година е избрана да учествува во програмата „Арт Оми: Програма за писатели на Ледиг Хаус“ (Њујорк).

Во 2019 година Ирене Сола ја доби каталонската награда „Преми љибрес анаграма де новела“ за романот „Пеам јас и планината танцува“. Истата година ги доби и наградите „Навол“ и „Каламо“ за шпанското издание на истоимената книга.

1 book by this author: