irvin-d-yalom

Ирвин Јалом

Ирвин Д. Јалом е американски психијатар, теоретичар и практичар, професор и романсиер. Роден е во 1931 година, во Вашингтон. Неговите родители емигрирале од Русија во 20-тите години. Пораснал во сиромашно црнечко предградие. Времето поминато во библиотека и читањето му биле единственото задоволство. Бил професор по психијатрија на Универзитетот Станфорд. Автор е на бестселерите: Кога Ниче плачеше, Мама и смислата на животот, Дарот на терапијата, Џелат на љубовта, Лекување со Шопенхауер, Проблемот Спиноза, Еден ден и други приказни од психотерапијата, За себе, мемоари на еден психотерапевт. Има издадено и неколку класични книги од психијатријата, вклучувајќи го тука и монументалното дело Теорија и пракса на групната психотерапија (Theory and Practice of Group Psychotherapy), кое стана референтна книга во таа област. Во 2001 година Американската психијатриска асоцијација му ја додели наградата „Оскар Фистер“, за значаен придонес во областа на психијатријата. Живее во Сан Франциско заедно со жена му, која е универзитетски професор по компаративна книжевност и писател. Имаат четири деца и пет внуци.

4 books by this author: