Исак Асимов
Исак Асимов (1920-1992) го почнал пишувањето на Фондација на возраст од двесет и една година, не ни помислувајќи дека серијалот еден ден ќе се смета за камен-темелник на научната фантастика. Во текот на својата легендарна кариера Асимов напишал 470 книги со најширока тематика, од науката, преку Шекспир, до историјата, Сепак, најпопуларни се неговите наградувани научнофантастични саги Роботот, Империјата и серијалот Фондација. Наречен Големиот мајстор на научната фантастика, неговите дела речиси седум децении нудат уживање и едукација за читателите од сите возрасти.
