isidora-bjelica

Исидора Бјелица

Исидора Бјелица (мажена Пајкиќ), писателка, режисерка, тореадор, магистер по филмологија, трендсетер, мајка, скандал-мајстор, војвотка, е најконтроверзната современа српска авторка. Родена е во 1967 година, во Сараево. Таму завршува гимназија (грчка и латинска насока), за да стане најмладиот југословенски дисидент по аферата „наци-жур“ и да се пресели да живее и да студира во Белград, каде што завршува ФДУ (отсек Драматургија) и каде што едно време работи и како асистент. Магистрира со тезата „Технотрилерот како современ облик на трагедијата“, по што го напушта факултетот поради бирократското шиканирање со политичка заднина. Автор е на 33 книги, од кои повеќето се бестселери и култни книги на различни генерации, со по две или повеќе изданија: Првиот разбуден, Господар на среќните предмети, Светлина во темнината, Озлогласена, Нови српски драми (со Н. Пајкиќ), Свршеница на воениот злосторник, Протоколите на политарт мудреците, Сексепистоларен роман (со Луна Лу), 101 маж во четирите годишни времиња, Тајниот живот на славните Србинки, Принцези ди Монтенегро, Автопортрет со мажи, Љотиќ, Сентиментални патувања, Дорќол-Менхетен – сараевчанка во Белград, Новата филмска Европа, Последниот христијанин, Сајбер Аристотел, Виртуелна курва, Женски приказни, Кралиците серпски, Пцујачи и други драми, Апостолите на урбаниот Белград, Непристојни писма до мажите, Љу- бов во Тунис, Кој е навистина кој во Србија, Тајните на владетелите серпски, Љубов во Каиро, Како да се преживее породување во Србија, Србија без оргазам, Љубов во Бејрут, Мојот живот мој скандал, Тајниот живот на П. П. Његош, Роман за прељубата, Мојот дедо Луј Витон, Србинка, Љубов во Мароко, Тајна книга, Дамата од Монако, Дамата од Санторини, Љубов во Емиратите, Авато.

1 book by this author: