ivan-stankovikj

Иван Станковиќ

Иван Станковиќ е роден на 24 јануари, 1955 година. Дипломирал на Економскиот факултет во Белград, 1978 година, а постдипломските студии ги завршил 2006 година, на Факултетот за драмски ументости. Темата на неговата докторска дисертација е „Српскиот рекламен пазар во периодот од 1996 до 2006 година“. Во рекламниот бизнис е од 1979 година. Во 1990 година заедно со Драган Сакан ја основа првата мултинационална агенција за Југоисточна Европа, „Сачи и Сачи“, најпрво во Србија, а потоа во Словенија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија. Се смета за зачетник на новиот пристап во работењето со клиентите во овие земји и на воведувањето на модерното светско искуство во планирањето и употребата на медиумите. Неколку години бил предавач на Глобалната школа за топ-менаџери во рекламните агенции (АМП) и учесник на бројни конференции во светот. Сопствената комуникациска група , која ја сочинуваат медиумската агенција („Медија С“) и рекламната агенција („Комунист“), ја основал во 2002 година. Од 2010 година – по склучувањето на партнерството со една од најголемите комуникациски групи ДДБ – агенцијата работи како „Комунист ДДБ“. Неговите агенции се добитници на бројни домашни и странски награди за креативна работа, а доделена му е и награда за животно дело во 2010 година (УЕПС). Доцент е на Факултетот за драмски уметности и професор на факултетот за медиуми и комуникации во Белград.

1 книга од овој автор: