ivica-chelikovikj

Ивица Челиковиќ

Ивица Челиковиќ e роден во 1962 година во Скопје, каде завршил Интердисциплинарни студии по новинарство. Студирал на Институтот за новинарство и масовни комуникации во Гетеборг во Шведска, каде што живее и работи. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1990, а од 2003 е член и на Сојузот на писатели на Шведска. Има напишано неколку збирки поезија,кои биле објавени почнувајќи од 1990, а последната 2010 и еден роман во 2004.Неговите стихови се преведувани на англиски, шведски и персиски. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Млада Струга. Преведува шведска и норвешка литература на македонски јазик. Превел дваесетина дела на познати шведски писатели, а составувач е на антологијата “Македонска поезија”, која во негов превод на шведски е објавена во 2005.

3 books by this author: