jachym-topol

Јахим Топол

Јахим Топол е роден во 1962 г. во Прага, тогашна Чехословачка, во семејство на книжевни дејци. Првото искуство од областа на книжевното творештво го стекнува во доцните 70-ти, и тоа како автор на текстови за песните на рок-составот „Пси војаци“. Во 80-тите започнува да објавува во независните и во тоа време дисидентски списанија „Виолит“ и „Револвер ривју“. Во текот на Кадифената револуција и по неа Топол пишува за весникот „Информатични сервис“, додека денеска работи во редакцијата на весникот „Лидове новини“. Јахим Топол е навистина плоден автор. Неговото творештво опфаќа повеќе книжевни жанрови: се истакнува и како поет, и како романсиер, и како автор на новели, кратки раскази, драми, потоа како сценарист и автор на текстови за рок-песни, но и како преведувач. Најпознати дела му се збирката поезија Те љубам лудо (1988), новелата Патот до железничката станица (1994), романите Сестра (1994), Ангел (1995), Ноќна работа (2001), Низ студената земја (2009). Добитник е на повеќе чешки и меѓународни книжевни награди и признанија, а неговите дела се преведени на англиски, дански, германски, италијански, македонски, полски, француски, унгарски, турски, шведски и шпански јазик.

1 книга од овој автор: