jack-kerouac

Џек Керуак

Џек Керуак е култна личност на американската книжевна сцена, херој на светската субкултурна младина, писател чии книги, особено романот На пат, сё уште доживуваат огромни тиражи ширум светот. Роден е на 12 март 1922 година во Лауел (САД), како потомок на бретањски Канаѓани кои во новата татковина ја измешале својата келтска крв со крвта на Индијанците од племињата Мохавк и Кохнавага, што секако нема да остане без одглас во неговите дела, длабоко проникнати со жедта за слобода и широки, отворени пространства. Керуак уште како дете уживал во талкањата по полињата и речните брегови на родното место, пишувајќи раскази, водејќи дневници и составувајќи спортски репортажи за измислени коњски трки и бејзбол мечеви. На седумнаесетгодишна возраст ќе ја прочита биографијата на Џек Лондон и тогаш ќе ја избере својата животна професија: осамен патник, поет. Потоа доаѓаат Саројан, Хемингвеј и Том Волф, како најрани книжевни влијанија. Па Гете, Достоевски, Рембо... Потоа напушта сё, своите книжевни идоли, колеџот Колумбија, удобниот дом, и пристапува кон Трговската морнарица. Така ќе почне неговото скитање, најпрво по вода, како морнар, а потоа и по прашливото друмје на американскиот континент, што ќе го следи целиот живот, сё до прераната смрт во 1969 година во градот Сен Питерсбург на Флорида.

1 книга од овој автор: