jagoda-mihajlovska-georgieva

Јагода Михајловска-Георгиева

Јагода Михајловска-Георгиева (3 март 1953 година) живее во родното Скопје и во Маврово (е-пошта jagoda.mige@gmail.com). Професионалниот век го има поминато како новинар, филмски критичар и есеист во пишаните медиуми и уредник во Телма телевизија. Автор е на серија телевизиски патописи за Бомбај и за Гоа во Индија, Катманду и Хималаите во Непал. Ги има објавено книгите: „Мојата кожа“ (збирка раскази), „Момчето Молња“ (роман), „Огледала – лудо билје“ (есеи), „Игбал, мојата тајна“ (роман), „Каменот од Твојот ден – хималајска приказна“ (роман), „Индиго Бомбај“ (роман), „Дрско црвен кармин“ (збирка раскази). Добитник е на „Рациново признание“ за најдобра прозна книга во 2005 г. („Каменот од Твојот ден“) и на наградата „Роман на годината“ за 2008 г. на „Утрински весник“ („Индиго Бомбај“), како и на повеќе награди за краток расказ.

7 books by this author: