jalal-ad-din-rumi

Џелалудин Руми

Мевљана Џалалудин (Џалал ад-Дин) Мухамед Руми, наречен и Џелаледин Мевљана Руми (30 септември 1207 – 17 декември 1273) —персиски поет, правник и теолог. Руми значи „Римјанин“, бидејќи умрел во Анадолија, која била под Римската Империја два века пред тоа. Роден е во Вахш (денешен Таџикистан), а починал во Конија (денешна Турција). Поезијата ја пишувал на персиски, а делата му се читаат насекаде во Иран, Авганистан, Таџикистан, Узбекистан, а преводите особено во Турција, Азербејџан, САД и јужна Азија. Живеел и творел за времето на Селџуците. Освен персиска поезија, пишувал и по нешто на арапски, грчки и турски јазик. Се смета дека важноста на Руми ги надминува националните и етничките граници. Низ вековите тој имал значително влијание врз персиската како и турската книжевност. Неговите песни се преведени на сите значајни светски јазици, вклучувајќи го и македонскиот. Општата тематика на неговите размисли, како и кај другите мистични суфистички поети во персиската книжевност во суштина е за тавхидот (единството) и единството со возљубеното (исконскиот корен) од кое е отсечен, и мечтае за повторно обединување.

3 books by this author: