james-allen

Џејмс Ален

Џејмс Ален (28.11.1864 – 24.1.1864) е еден од првите автори на 20 век кој дал сериозна анализа на мотивацијата на личноста за остварување на нејзиниот внатрешен потенцијал. Роден во Лејчестер, бил британски филозоф и писател. Познат по инспиративните дела и хуманистичката поезија, се смета за пионер на движењето за самопомош. Кога имал петнаесет години татко му бил ограбен и убиен, па тој морал да го напушти школувањето и да работи за да го издржува семејството. По неколку години поминати како секретар и новинар, во 1898 година нашол место како писател за списанието „Гласникот на златната доба“, каде што можел да ги искаже своите духовни и социјални интереси. Во 1901 година ја објавил својата прва книга „Од сиромаштија до моќ“, а од следната година почнал со издавање на сопствено списание „Светлината на разумот“, подоцна преименувано во „Епоха“. Неговото најпознато дело „Какви му се мислите на човека“ постигнало огромен успех по објавувањето во 1903 година и претставува извор на инспирација од кој црпеле идните автори на мотивациски и книги за самопомош. Други негови познати дела се: „Низ портата на доброто“, „Од срцето“ (продолжение на „Какви му се мислите на човека“), „Песни за мирот“, „Утрински и вечерни размисли“, „Мајсторството на судбината“, „Од страст до спокој“, „Осумте столба на просперитетот“, „Човек: господар на умот, телото и околностите“, „Основите на среќата и успехот“ и други

1 book by this author: