james-clear

Џејмс Клир

Џејмс Клир е американски автор, претприемач, фотограф, спортист и хуманист. Експерт е на темата за навиките и човечкиот потенцијал, а централното прашање на кое дава одговор во својата работа е: Како можеме да живееме подобро? Клир е редовен говорник во големи светски компании и предавач на универзитетите низ САД.

Основач е на Академијата за навики, која содржи врвни платформи за обука, кои досега ги посетиле повеќе од 10 000 лидери, менаџери, тренери и наставници, но и поединци заинтересирани за изградба на подобри навики во животот и во работата.

„Атомски навики“ е првата книга на Џејмс Клир, која за кратко време стана бестселер на „Њујорк тајмс“, со милионски тираж и со превод на над 40 јазици.

Од продажбата на своите книги, обуки и други активности, Џејмс Клир редовно донира 5 % во Фондацијата за борба против маларијата.

1 книга од овој автор: