james-kelman

Џејмс Келман

Џејмс Келман (James Kelman, 1946, во Глазгов) е влијателен шкотски романсиер, новелист, драматург и автор на политички есеи. Важи за еден од најнаградуваните и најпознатите современи шкотски писатели. Со литература почнал да се занимава во седумдесеттите години на минатиот век, кога и ја објавува својата прва збирка раскази. Оттогаш има напишано уште 20 книги со раскази и есеи, а автор е и на девет романи за кои има добиено голем број британски и меѓународни книжевни награди. Во неговиот опус особено се издвојува специфичниот стил на раскажување и експерименталниот пристап кон различните наративни жанрови. За романот Колку беше доцна, колку доцна (How Late It Was, How Late) Џејмс Келман ја доби наградата Букер за 1994 година.

1 книга од овој автор: