james-patterson

Џејмс Патерсон

Џејмс Патерсон (1947) создал потрајни литературни ликови отколку кој и да е друг жив писател. Автор е на романите за Алекс Крос, кои претставуваат најпопуларен детективски серијал во последните дваесет и пет години, на серијалот Женски клуб за решавање убиства, чие дејство се одвива во Сан Франциско, како и на најпродаваниот серијал детективски романи за њујоршкиот детектив Мајкл Бенет. Според Гинисовата книга на рекорди, Патерсон е писател кој има најмногу бестселери на листата на Њујорк тајмс. Откако во 1997 година за својот прв роман ја доби наградата Едгар Алан По, неговите книги се продадени во повеќе од двесте и осумдесет милиони примероци.

Патерсон е автор и на многубројни бестселери за млади, меѓу кои се серијалите Максимум Рајд, Вештерката и волшебникот и Основно училиште. Овие книги се наоѓаа на националните листи на бестселери преку двесте и дваесет недели. На доделувањето на наградата Книга според детски избор во 2010 година, Џејмс Патерсон е прогласен за писател на годината.

Патерсон се занимава исклучиво со пишување и живее со семејството на Флорида.

3 books by this author: