jamiemcguire

Џејми Мекгваер

Џејми Мекгваер е родена на 6 ноември 1978 година, во Тулса, Оклахома. Студирала на коле­џот во Северна Оклахома, на Универзитетот во Централна Оклахома и во Центарот за техно­лош­ки науки Отри, каде што дипломирала ради­ографија. Со години работела како радиограф додека не почнала професионално да се занимава со пишување. Главно пишува за млади на возраст од 18 до 30 години. Нејзината самостојно објавена книга Убава катастрофа веднаш станала бестселер на списокот на Њујорк тајмс. По постигнатиот успех ѝ бил по­ну­ден договор од издавачката куќа Атриа букс. По соработката на неколку книги, Мекгваер одлучила да продолжи со самостојното издавање на своите дела. Автор е на неколку серијали: Провиденс, Убава, Браќата Медокс, Ред Хил и други, како и на книгите Аполонија, Слатка ништотност и Сите светлинки.

Живее во Стримбоут Спрингс, Колорадо, со својот сопруг и трите деца.

1 book by this author: