jan-carson

Јан Карсон

Јан Карсон е писателка и учителка по убави уметности од Белфаст. Нејзиниот прв роман „Малком Оринџ исчезнува“ бил издаден од „Либерти прес“ во 2014 година и добил одлични критики. Потоа ги издала збирката раскази „Деца на децата“ во 2016 година и збирката куси-куси раскази „Приказни од разгледница“ (2017). Во 2015 година Карсон секојдневно пишувала краток расказ на разгледница што ја праќала на некој пријател. Сите приказни биле инспирирани од некаква случка, наслушнат разговор, уметничко дело или бегол поглед на нешто за кое вредело да се размислува. Благодарение на успехот што го постигнала оваа збирка, во 2018 година Јан Карсон станала првата писателка на Центарот на ирски писатели што ќе патува низ земјата и ќе организира работилници работејќи со надежни автори кои, исто така, пишувале „приказни на разгледници“. Во 2019 година го издава романот „Потпалувачи“, за кој ја добива Европската награда за литература.

1 book by this author: