janne-teller

Јане Телер

Јане Телер (1964, Копенхаген) е данска писателка со австро-германско потекло која живее во Њујорк и во Берлин. Пред да стане писателка работела како советник за разрешување конфликти за ЕУ и за НАТО, главно во Африка. Пишува романи и есеи, но и кратки раскази – како и различни дела за млади – секогаш фокусирајќи се на подлабоките животни прашања и човековата цивилизација и често предизвикувајќи контроверзни и жешки дебати. Има добиено повеќе награди за литература, а нејзините дела се преведени на над 25 јазици. Романите на Јане Телер покриваат широк спектар на современи и филозофски прашања. Во нив се вбројуваат модерната нордиска сага Островот на Один (Odin’s Island), 1999 г., кој се занимава со религиозниот и политичкиот фанатизам; потоа Европа (Europa), 2004 г., кој го разгледува европскиот идентитет, и Дојди (Come), 2008 г., кој зборува за етиката во уметноста и модерниот живот. Нејзините есеи Меѓу линиите (Between the lines); Европо, која сакаш да бидеш? (Europe who do you want to be?) и Малиот брат те гледа (Little Brother is watching you) зборуваат за етичките перспективи насовремениот живот. Со својот прв роман за млади Ништо Телер предизвика револуција во овој жанр. Иако на почетокот забранет, романот подоцна стана меѓународен бестселер. За ова дело авторката во 2001 година ја доби престижната награда Најдобра книга за деца што ја доделува Министерството за култура на Данска, како и наградата Либилит (Le Prix Libbylit) во 2008 година.

1 book by this author: