jaume-cabré

Жаумe Кабре

Жаумe Кабре е роден 1947 година во Барселона, а почнал да пишува додека студирал филологија на Универзитетот во Барселона. Првата збирка кратки раскази му е објавена во 1974 година. Објавил десетина романи меѓу кои се најпознати Гласовите на Памано (Les veus del Pamano, 2004), за кој што ја доби наградата на каталонските критичари, а според тој роман е снимена и мини серија и Исповед (Jo confesso, 2011). Познат е и по своите кратки раскази, а напишал и бројни телевизиски и филмски сценарија и драмски дела. Имал успешна кариера и како универзитетски професор по јазици и книжевност.

1 book by this author: