jean-michel-guenassia

Жан-Мишел Генасија

Жан-Мишел Генасија е роден во 1950 година, во Алжир, а живее и работи во Париз. Важи за еден од најпопуларните современи автори во Франција. Првиот роман го напишал во 1986 година. Потоа се занимавал главно со пишување сценарија за телевизиски програми. Исто така, тој е автор и на неколку театарски текстови. По повеќе од дваесет години пауза во пишувањето, во 2009 година Генасија го објавува својот роман Клубот на непоправливите оптимисти, кој за кратко време прераснува во книжевна сензација во Франција, ја добива најпрестижната награда во оваа земја – наградата Гонкур на средношколците – и набрзо се преведува на повеќе од 30 јазици. Клубот на непоправливите оптимисти важи за еден од најголемите хитови во француската литература во последната деценија. По неговото објавување, Жан-Мишел Генасија има напишано уште три романи, и сите го достигнале статусот на бестселери во неговата земја. Најновиот роман, Танцот на дрвјата и небото, Жан-Мишел Генасија го објави во 2016 година.

1 книга од овој автор: