jeanine-cummins

Џенин Каминс

Џенин Каминс е американска авторка, ро- дена во Рота, Шпанија. Своето детство го поми- нала во Мериленд, а се школувала на Универзи- тетот Тоусон, каде што дипломирала Англиски јазик и комуникации. Во 1993 година била фина- лист на „Розата од Трали“, меѓународен настан кој се слави меѓу ирските заедници низ светот и на кој секоја година една жена е крунисана со роза. По завршувањето на студиите две го- дини работела на шанк во Белфаст, Северна Ирска, пред да се врати во Соединетите Американски Држави, каде што почнала да работи за Пингвин во Њујорк. Во издаваштвото работела десет години пред целосно да му се посвети на пишувањето. Авторка е на четири книги: мемоарите Засек во рајот (A Rip in Heaven, 2004), кои набрзо по објавувањето станаа бестселер, и романите Туѓинче (Outside Boy, 2010), Искривена гранка (Crooked Branch, 2013) и Американска прашина (2020). Во Засек во рајот Каминс го опишува убиството на двајцата свои братучеди од непознат сторител. Нејзиниот брат бил единствениот преживеан од нападот. По објавувањето на книгата, таа почнала да држи предавања за жртвите и нивните права, а особено за искуството на нејзиното семејство со правниот систем. Се обраќала пред студенти и ученици говорејќи за теми поврзани со жртви на насилен криминал и техниките за справување со траумата и нејзино претворање во уметност. Нејзините две следни книги, романите Туѓинче и Искривена гранка, ја истражуваат ирската историја преку приказните на главните лико- ви. Двете книги за првпат ќе бидат објавени во Ирска во 2020 година. Во најновиот роман Американска прашина Каминс ни ги пренесува тегобните приказни на мигрантите и бегалците кои сакаат да стигнат во САД преминувајќи ја границата со Мексико. Џенин Каминс живее во Њујорк, со сопругот и двете деца.

1 книга од овој автор: