jelena-nikodinoska-chapovska

Jелена Никодиноска Чаповска

Jелена Никодиноска Чаповска е родена во 1989 година, во Скопје. Високото образование го стекнува на факултетот Париз III Нова Сорбона. Потоа својот амбициозен пат го продолжува на Тексашкиот универзитет во Остин (САД) и го заокружува со магистерските студии по англиски јазик и книжевност и француски јазик на Њујоршкиот универзитет (САД).

По враќањето во родната земја еден период работи во Францускиот институт во Скопје и во Француската амбасада. Во моментов предава англиски јазик и книжевност во рамките на програмата Меѓународна матура во Интернационалното училиште „НОВА“.

„Тишина“ е нејзин дебитантски роман. Претходно има објавено неколку есеи и преводи во книжевното онлајн списание „Блесок“. Се занимава и со фотографија на новороденчиња во своето фотостудио „Ѕуница“. Темата на мајчинството се провлекува и во овој нејзин прв роман, што ги анализира комплексните психички состојби на човечката природа што му се случуваат на поединецот по доживеана траума. „Тишина“ е приказна за животот и болката, но и за љубовта и приврзаноста.

1 book by this author: