jennifer-egan

Џенифер Иган

Џенифер Иган е автор на делата „Тврдина“, „Погледни ме“, „Невидливиот циркус“ и збирката раскази „Смарагден град“. Нејзините раскази се објавувани во „Њујоркер“, „Харперс магазин, „Џи-Кју, Зоитроп“ и „Плаушерс“, а научната литература во „Њујорк тајмс магазин“. Иган живее со сопругот и синовите во Бруклин. Фасцинантните испреплетени раскази на Џенифер Иган гравитираат околу животите на Бени Салазар, музички продуцент во години кој на времето бил панк-рокер, и Саша, лудата девојка што работи за него. Бени и Саша никогаш не го дознаваат минатото на другиот, но читателот се запознава и со неговото и со нејзиното минато, и тоа до најинтимните детали, а со тоа и со тајните животи на шаренилото од други ликови чии патишта се вкрстуваат со нивните во текот на многу години и на многу места, од Њујорк, преку Сан Франциско и Неапол, до Африка. Посета на бандата е книга за воздејството на времето и музиката, книга за опстанокот, за превирањата и преобразбите поттикнати и од најблагите пресеци на нашите судбини. Користејќи зачудувачки венец од стилови и тонови, што се протегаат од трагедија до сатира, па дури и до Пауерпоинт, Иган успева да ги долови спротивното длабоко струење на самоуништувањето, кое сите ние мораме или да го совладаме или да му се предадеме; вродениот глад на човек за искупение; како и сеопштиот нагон да се посегне по двете – и да се избега од безмилосниот тек на времето – во безвремените царства на уметноста и музиката. Зајадливо, возбудливо романескно дело напишано од еден од најсмелите автори на денешницата.

1 книга од овој автор: