jesse-itzler

Џеси Ицлер

Џеси Ицлер е светски познат американски претприемач, автор, рапер и мотивациски говорник со неверојатни успеси во различни области. Роден е во 1968 година, во еврејско семејство во Њујорк. Дипломирал на Американскиот универзитет од областа на правдата, правото и општеството. Неговата кариера низ годините поминува низ различни искуства, со што се стекнува со слава во повеќе бранши, од создавање на бизнис-империја, па сè до пишување авторски книги. Музичката кариера ја започнува како рапер, пишувајќи песни под псевдоним, а има соработувано со познати рапери од МТВ-сцената, како Тоун Лок и Ем-СИ. Пропаднатата кариера како рапер ја преобразува во успешна компанија која создава песни за спортски тимови правејќи најавни песни за спортска франшиза. Во спортот денес е познат и како сопственик на „Атланта хокс“. Во 2001 година постигна еден од најголемите успеси како претприемач – без претходно искуство во оваа област, ја создаде најпознатата приватна компанија за џет-билети „Маркис џет“, која подоцна ѝ ја продаде на „Беркшир Хатавеј“. Помогна да се открие влијанието на кокосовата вода во „Зико“, која подоцна ѝ ја продаде на „Кока-Кола“. Живеејќи со мотото дека колку повеќе искусуваме толку повеќе му нудиме на светот, се истакнува и со сопствени рекорди во областа на спортот – во 2006 година за еден ден успеа да истрча маратон од 160 километри, а го има искачено и најсмртоносниот врв во Америка, на планината Монт Вашингтон. Во ноември 2015 ја објави својата книга „Да се живее со Navy Seal“, во која му покажа на светот како се живее со најцврстиот човек на планетата, Дејвид Гогинс. Во 2018 година ја објави книгата „Живот со монаси“. Во целото свое животно и професионално искуство Ицлер ги тестира границите на издржливоста, но и на сестраноста на човековиот ум и тело, за да види до каде можат тие да одат.

1 книга од овој автор: