Џон Фанте
Џон Фанте ( 8 април 1909, Денвер, Колорадо - 8 мај 1983, Лос Анџелес, Калифорнија) - американски писател и сценарист.
Фанте е еден од првите американски писатели кои пишувале за тешките услови во кои живееле писателите во Лос Анџелес. Со своето творештво, тој извршил големо влијание врз авторите од бит-генерацијата, а особено врз Џек Керуак, како и врз Чарлс Буковски. Негови најпознати дела се четирите романи од тетралогијата за Артуро Бандини: „Чекај до пролетта, Бандини“ (1938), „Прашај ја правта“ (1939), „Патот за Лос Анџелес“ (кој бил првиот напишан роман, но останал необјавен до 1985 година) и „Соништата од Бункер Хил“ (1982).