john-grisham

Џон Гришам

Џон Гришам е американски автор на правни трилери. Роден на 8 февруари 1955 во Џонсборо, како син на градежен работник и домаќинка. Во детството сонувал да биде професионален безбол-играч, но го одбира правото како професија, дипломира на правни студии во 1981 г. и речиси десет години води адвокатска пракса. Пресудно за неговиот писателски позив е потресното сведочење на една дванаесетгодишна жртва на силување во судницата, што му дава инспирација за првиот роман, Време за убиство. По тригодишно пишување и скромен успех, веднаш се зафаќа со пишувањето на втората книга. Романот Фирма станува светски бестселер во 1991 г. и важи за феномен во издаваштвото. Во својата плодна кариера, Гришам има напишано 33 романи, голем дел од нив светски бестселери и класики во својот жанр и девет филмски остварувања. Само еднаш прави пауза од пишувањето за да се врати во судницата во 1996 г. во улога на адвокат. Живее со својата жена Рене со која има две деца. Сè уште ја негува страста кон безболот како покровител на малата лига во својата заедница. Кога не пишува, го посветува времето на хуманитарни цели, како фондот Rebuild the Coast за ревитализација по ураганот Катрина. Член е и на проектот Innocence за ослободување на погрешно обвинети лица со помош на ДНК докази.

2 books by this author: