john-p-strelecky

Џон П. Стрелецки

Еден настан што на триесет и тригодишна возраст му го променил животот, за Џон бил инспирација да ја раскаже приказната за Кафулето Зошто. Немал претходно искуство ниту академско образование за писател. За само една година по објавувањето на книгата, усното кажување на нејзините читатели го пронесе гласот за неа низ планетата и таа стана инспирација за луѓе од сите континенти, вклучително и од Антарктикот. Стана бестселер, се искачи на првото место на најпродавани книги и е преведена на дваесет и девет јазици. Џон оттогаш напишал и други книги, меѓу кои се и: Враќањето во Кафулето Зошто, Животно сафари и Петте големи нешта за животот. Коавтор е на книгата Како да се биде богат и среќен. Пораките содржани во неговите текстови и пратени преку телевизиски и радиоемисии во кои учествувал, инспирирале милиони луѓе да ги живеат своите животи на свој начин. Заедно со Опра Винфри, Вејн Даер и Дипак Чопра се смета за еден од стоте најинспиративни личности во областа на лидерството и личниот развој. Сето ова го восхитува и го прифаќа скромно.

2 books by this author: