jordan-belfort

Џордан Белфорд

Џордан Рос Белфорт (1962) е мотивациски говорник, автор и поранешен брокер на Вол­стрит. Роден е и пораснал во Квинс, Њујорк и уште од рана возраст поседувал природен талент за продажба. Според неговата автобиографска книга Волкот од Волстрит (2007), Белфорт и еден негов школски другар продавале италијански сладолед на плажата во близина на нивната населба и заработиле неверојатни 20 000 долари. Студирал биологија на Американскиот Универзитет, планирајќи да се запише на студии по стоматологија со парите што ги заработил. Сепак, кога деканот уште првиот ден им соопштил дека стоматологијата не е патот кон финански успех, Белфорт се отпишал. Во 1989 година ја основал својата брокерска фирма Стратон Оук­монд, за чија работа потоа бил осуден за манипулација со берзата, продавајќи акции по вештачки цени, за што одлежал 22-месечна затворска казна. По излегувањето од затворот ја напишал и објавил Волкот од Волстрит, која станала бестселер и во 2013 година според неа е снимен истоимениот филм на Мартин Скорсезе. Автор е на уште две книги – Фати го волкот од Волстрит и Начинот на волкот. Двете книги се објавени во речиси 40 земји во светот. Џордан Белфорт денес држи успешни мотивациски говори и семинари за продажба речиси низ целиот свет.

1 книга од овој автор: