jordan-peterson

Џордан Питерсон

Џордан Б. Питерсон (1962) е канадски клинички психолог, културен критичар и професор по психологија на Универзитетот во Торонто. Неговите главни области се патопсихологија, социјална психологија и психологија на личноста, со посебен нагласок на верските и идеолошките верувања. Дипломирал на Катедрата по политички науки во 1982 година, а потоа и на Катедрата по психологија во 1984 година, на Универзитетот во Алберта, а докторските студии по клиничка психологија ги завршил на Универзитетот Мекгил. Познат е по своите конзервативни ставови за религијата, за половите и феминизмот. Автор е на Мапи на значењето: архитектура на верувањето (1999), дело во кое се разгледуваат неколку академски полиња и кое успеа да ја трансформира психологијата на религијата. Во 2018 година го објави делото 12 животни правила: противотров за хаосот, кое стана меѓународен бестселер – преведено е на 50 јазици и продадено во над два милиона примерока. Со своите ученици и колеги, д-р Питерсон има објавено повеќе од сто научни трудови, унапредувајќи го современото разбирање на креативноста и личноста и пет последователни години беше номиниран за еден од најдобрите универзитетски професори во Онтарио. Во 2016 година, непосредно пред објавувањето на 12 животни правила, Питерсон објави серија видеа на својот Јутјуб канал, критикувајќи ја политичката коректност во канадската влада, со што доби значајно медиумско внимание. Неговите предавања на Јутјуб имаат над 35 милиони прегледи.

1 книга од овој автор: