jose-saramago

Жозе Сарамаго

Жозе Сарамаго (Жозе де Суза Сарамаго) е роден на 16 ноември 1922 година, во селото Азињага, во регионот Рибатејжо, како син на сиромашни земјоделци. Кога имал две години, неговите родители се преселиле во Лисабон, каде што поминал најголем дел од својот живот, покрај повремените подолги престои во родното село, осо- бено во неговата зрела доба. Се запишал во средно техничко училиште, кое од економски причини не успеал да го доврши. Неговата прва работа била механички бравар, но подоцна имал и други занимања: цртач, службеник за здравствено и социјално осигуру-вање, преведувач, издавач, новинар. Неговата прва книга, романот Земја на гревот, е објавена во 1947 г., по што не објавува ништо сè до 1966 година. Од политички причини во 1949 г. останува невработен. Дванаесет години работел во една издавачка куќа, каде што бил раководител и уредник на секторот за книжевни изданија. Како книжевен критичар соработувал со „Сеара нова“. Во 1972 и 1973 г. работел во редакцијата на весникот „Дарио де Лисбоа“, во политичката рубрика, а околу една година го уредувал и додаток за култура на истиот весник. Бил член на првиот Управен одбор на Друштвото на писателите на Португалија, а од 1985 до 1994 г. Бил претседател на Генералното собрание на Португалското здружение на автори. Меѓу април и ноември 1975 г. бил заменик-дирек- тор на „Дарио де Лисбоа“. Од 1976 г. живеел исклучиво од својата книжевна дејност, првин како преведувач (ги има преведено Хегел, Бодлер, Толстој, Балибар, Мопасан, Колет, Казу и други), а потоа како автор. Од февруари 1993 г. времето го минува меѓу своето постојано живеалиште во Лисабон и островот Ланѕароте, во шпанскиот архипелаг на Канарските Острови. Бил во брак со Илда Реиш, дактилографка во Португалските железници, и со шпанската новинарка Пилар дел Рио од 1988 г., а помеѓу двата брака бил во врска со португалската писателка Иза- бел да Нобрега, од 1970 до 1986 г. Починал на 18 јуни 2010 година, на островот Ланѕароте, во Шпа- нија.

1 book by this author: