jostein-gaarder

Јустејн Гордер

Јустејн Гордер, роден во Осло во 1952 г., е норвешки автор на неколку романи, кратки приказни и книги за деца. Поголемиот дел од кариерата бил професор по филозозфија. Гордер честопати пишува од детска перспектива, низ детското чувство на восхит кон светот. Честопати користи метафикција во своите дела, преку пишувањето на приказни во приказни. Неговото најпознато дело е романот Светот на Софија, објавен на четириесет и два јазика и бестселер во сите земји во коишто е преведен. Други негови познати дела се: Ќерката на циркузантот Маја Девојката со портокали Мистерија на пасијансот Вита Бревис Еј? Има ли некој? Низ стаклото, мрачно Замок на жабите

2 books by this author: