juan-marse

Хуан Марсе

Хуан Марсе (Juan Marse Carbo, 8 јануари 1933), шпански писател – романсиер, новинар, писател за деца и сценарист. Детството го поминал во родниот град Барселона, каде што бил сведок на потресните случувања од периодот на Шпанската граѓанска војна, кои подоцна постојано ќе се јавуваат како неизбежна заднина во неговото книжевно творештво. Првите книги ги објавува на триесетгодишна возраст и веднаш го привлекува вниманието на книжевната критика како специфичен и препознатлив раскажувач. Неговиот трет роман Последните попладниња со Тереза (Ultimas tardes con Teresa, 1966), му ја носи првата книжевна награда и станува бестселер во Шпанија. Но вистинската слава ја стекнува со романите Ако ти кажат дека сум паднал (Si te dicen que cai, 1973), и Девојката со златни гаќички (La muchacha de las bragas de oro, 1978), за кои ги добива најпрестижните книжевни награди на шпанското говорно подрачје и кои се преведени на дваесетина јазици, иако истовремено во многу земји се и забранувани и оспорувани. Иако го следи аура на контроверзен автор, Марсе со своето понатамошно творештво несомнено се потврдува себеси како еден од најзначајните современи автори, стекнувајќи огромна слава во Европа и во Јужна Америка. Во 2008 година ја добива наградата Сервантес , најпрестижното книжевно признание за автори кои творат на шпански јазик. Опашки од гуштер е роман објавен во 2000 година , за кој Марсе ги добива Националната награда на критиката и Националната награда за проза.

1 книга од овој автор: