judson-a-brewer

Џадсон Бруер

Џадсон Алин Бруер (1974) е американски психијатар, невронаучник и автор. Ги проучува нервните механизми на свесноста и има создадено програми и апликации за лекување на зависностите анксиозност, прејадување и пушење. Тој е директор за истражување и иновации во Центарот за свесност на Универзитетот „Браун“, доцент по бихевиорални и општествени науки на Факултетот за јавно здравје „Браун“ и професор по психијатрија на Медицинскиот факултет „Ворен Алперт“.

Студирал хемија на Универзитетот „Принстон“, како и на Медицинскиот факултет при Вашингтонскиот универзитет во Сент Луис, каде што 2002 година го стекнал и својот докторат по имунологија. Во 2009 година ја завршил својата специјализација по психијатрија.

Говорот што Бруер го одржа на ТЕД во 2015 г., насловен „Едноставен начин да се откажете од лошата навика“, беше четвртиот најпопуларен ТЕД-говор таа година и до 2019 беше прегледан над 16 милиони пати. Во мај годинава се одржа уште еден ТЕД-говор: „Вие сте секако прекрасни. Само престанете да си ставете сопки!“

Автор е на книгите „Комплементарна/алтернативна медицина: водич за лекарите“ (1999) заедно со Кетрин Кинг: „Копнежлив ум: од цигари, преку паметни телефони до љубов – зошто се навлекуваме и како можеме да се откажеме од лошите навики“ (2017); Одмотајте го клопчето на анксиозноста: како да ги прекинете циклусите на загриженост и страв за да го излекувате својот ум со помош на науката“, која по објавувањето во 2021 г. стана бестселер на „Њујорк тајмс“. Заснована врз најновите резултати од истражувањата на современата невронаука, целосно приспособена на секој што ќе ја чита, „Одмотајте го клопчето на анксиозноста“ открива на кој начин можеме да се ослободиме од постојаната грижа и стравувањето, кои често управуваат со нашите животи и ни дава детална програма за излегување од маѓепсаниот круг на лошите навики. 

1 book by this author: