k-tjudor

К. Џ. Тјудор

К. Џ. Тјудор е родена во Салисбери. Пораснала во Нотингем, каде што живее и денес со својата партнерка и малата ќерка. Низ годините работела како телевизиска водителка и копирајтер. Човекот од креда е нејзиниот прв роман. Има издадено уште еден – Скришно место (The Hiding Place), а во 2020 година се очекува да излезе од печат и третиот – Другите луѓе (The Other People). Пишува уште од дете, меѓутоа почнала посериозно да се занимава со пишувањето во нејзините триесетти години. Како мала читала детективски романи и страшни приказни, а особено уживала во делата на Стивен Кинг за кого смета дека извршил огромно влијание врз нејзиниот стил на пишување. Фасцинирана од мрачните тајни и ужасот што знаат често да се кријат во малите гратчиња добила инспирација да го напише романот Човекот од креда.

2 books by this author: