kalina-maleska

Калина Малеска

Калина Малеска (1975) е писателка и професорка по книжевност. Авторка е на следниве книги: збирките раскази Недоразбирања (1998), Именување на инсектот (2008) и Мојот непријател Итар Пејо (2016); романите Бруно и боите (2006) и Призраци со срмени нишки (2014), драмата Случка меѓу настани (2010) и книжевната студија Transformation of the Discourse of Power in Literature (2016). Нејзини раскази и книжевно-истражувачки текстови се објавени во повеќе списанија во Македонија и во странство, а расказот „Поинаков вид оружје“ е дел од антологијата Best European Fiction 2018. Искуствата од нејзиното детството и секојдневната комуникација со деца во сегашноста се инспирација за оваа нејзина прва збирка раскази за деца Арно ама.

1 книга од овој автор: