kallia-papadaki

Калија Пападаки

Калија Пападаки е родена во 1978 година, пораснала во Солун, завршила економија во САД и филмски студии на Школата за филм „Ставракос“ во Атина. Работи како професионален продуцент. Нејзиното прво сценарио Септември има освоено многу награди. Моментално работи на своето второ филмско сценарио. Нејзината трета книга, романот Дентрити (2015), беше избран за најдобар роман на грчкото списание Анагностис и ја доби Наградата за млад автор од грчкиот литературен весник Клепсидра. Во него зборува за имиграцијата и за нејзината потрага по достоинствен живот; за изгубената втора шанса, за неуспешните бракови и професии. Овој роман во 2017 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија. Има напишано неколку збирки раскази и поезија, кои го привлекоа вниманието на критиката и беа добро прифатени меѓу читателите. Нејзината збирка раскази Шум во заднината наиде на добри критики и ја освои Наградата за нови писатели на грчкиот литературен весник Дијавазо. Нејзините раскази и песни се вклучени во светските антологии и литературни списанија. Нејзината најнова книга Лаванда во декември е збирка поезија.

1 book by this author: