Карен М. Мекманус
Карен М. Мекманус е современа американска авторка за млади. Најпозната е по својот прв роман Еден од нас лаже (2017), кој се задржа дури 93 недели на листата на бестселери на Њујорк тајмс. Неговото продолжение, Еден од нас е следен, исто така забележа голем успех по објавувањето во јануари 2020 година. Според Киркју ривју, нејзиниот роман Двајца умеат да чуваат тајна е една од најдобрите книги објавени во 2019 година. Нејзиниот четврти роман, Братучеди, треба да излезе од печат во декември 2020 г. Нејзините дела се преведени на повеќе од 40 јазици. Карен М. Мекманус дипломирала Англиски јазик на факултетот „Хоули Крос“, а магистрирала новинарство на Универзитетот „Нортистерн“. Кога не работи и не пишува, Мекманус обожава да патува со својот син. Живее во Кембриџ, Масачусетс. Ако сакате да дознаете повеќе за неа, посетете ја нејзината веб-страница karenmcmanus.com или следете ја на Твитер на @writerkmc