kazuo-ishiguro

Казуо Ишигуро

Во современата литература особено интересен феномен е гласот на писателите со вкрстена културна заднина, каков што е Казуо Ишигуро –британски писател и сценарист со јапонски корени. Роден е на 8 ноември 1954 г., во Нагасаки, Јапонија. Неговото семејство се преселило во Англија кога имал пет години. Дипломирал на Универзитетот во Кент, а магистрирал на Универзитетот во Источна Англија, на отсекот за креативно пишување. Автор е на седум романи, четири сценарија и на повеќе куси раскази. Добитник е на наградата Витбред за романот Уметник во свет што лебди, во 1986 г., Орденот на Британската Империја во 1995 г. и францускиот Орден на уметноста и литературата во 1998 г. Магазинот Тајм го вбројува неговиот роман Никогаш не оставај ме во листата 100 најзначајни романи на англиски јазик од своето основање, а Ишигуро меѓу „50 најголеми британски писатели од 1945 г. до денес“. Во 1989 г. Токму за својот трет и најпознат роман На крајот од денот Ишигуро ја добива Букеровата награда. Маестралноста на овој роман се гледа не само во перото на Ишигуро, во речовитоста и софистицираното писмо, туку и во критичкото око – наедно како инсајдер и како аутсајдер – со кое ни дава психолошки портрет на совршениотанглиски батлер и сликовит пресек на општеството во повоена Англија.

2 books by this author: