kelli-estes

Кели Естиз

Кели Естиз пораснала меѓу јаболкниците во источен Вашингтон, а потоа се запишала на колеџ на Универзитетот на Аризона, каде што сфатила дека ќе мора да живее покрај вода и каде што ги почувствувала сите четири годишни времиња. По дипломирањето се преселила во Сиетл. Таму четири години работела за еден производител на авиони пред најпосле да собере храброст да се обиде како писател. По шест ракописи, две деца и вкупно четиринаесет години, нејзиниот сон за писателска кариера се остварил со книгата Девојката што пишуваше на свила. Денес Кели живее на триесет минути од Сиетл со сопругот и двата сина. Кога не пишува, ужива во доброволната работа во училиштето на нејзините деца, сака да чита, да патува, да излегува во ресторани, да вежба, а и да учи за здравјето и за храната. Со Кели можете да контактирате на www.kelliestes.com.

1 книга од овој автор: