kiran-desai

Киран Десаи

Киран Десаи е родена во Индија во 1971 година, живее во Делхи до својата четиринаесетта година, а пред нејзиниото семејство трајно да се пресели во Америка, таа поминува и една година во Британија. Основно и средно образование завршува во Масачусетс и продолжува да се образува на колеxот Бенингтон, Универзитетот Холинс. За време на нејзиното образование на Универзитетот Колумбија, каде што студира креативно пишување, Десаи прави двегодишна пауза посветувајќи ја на пишувањето на својот прв роман „Бркотница во овоштарникот на гуави“. Книжевната јавност првпат ја забележува откако нејзина проза ќе биде објавена во „Њујоркер“ и „Мирорворк“, и застапена во антологијата на 50 години индиска книжевност составена од Салман Ружди. Во 1998, „Бркотница во овоштарникот со гуави“, роман за кој ѝ беа потребни четири години да го заврши, беше објавен и проследен со позитивни критики и рецензии во Азија, Британија и Америка. Осум години подоцна, таа го објавува својот втор роман, „Наследена загуба“, во почетокот на 2006 година за кој и ја доби престижната британска книжевна награда „Мен Букер“ во октомври истата година. По оваа награда, Десаи се закити и со многу други престижни американски книжевни награди меѓу кои и наградата за проза на Националното здружение на книжевни критичари. Иако нејзината мајка, познатата индиска писателка Анита Десаи, трипати беше во најтесен избор за Букеровата награда, сепак, ќерката успеа прва да ја добие. Книжевниот стил на Киран Десаи брзо стана предмет на рецензии и книжевни критики на интернационално поле, а многу книжевни критичари од американскиот континент го споредуваат со прозата на Салман Ружди и Арундати Рој, истакнувајќи дека авторите како Даниела Стил, Џон Гришам, Стивен Кинг и други американски автори на бестселери треба да учат граматика и стилистика на сопствениот мајчин јазик токму од Киран Десаи.

1 book by this author: