Кокан Ајановски
Кокан Ајановски (1982) е основач, инструктор и промотор во Школата за трчање Nike (NRC – Nike + Run Club Skopje), маратонец, повеќе од 20 пати државен првак на Македонија во повеќе атлетски дисциплини (полумаратон, 10 000 м, 5 000 м, планинско и крос-кантри трчање). Има повеќе од 30 настапи за атлетската репрезентација на Македонија. Најзначајни интернационални успеси има остварено на балканските првенства (бронзен медал поединечно во маратон и бронзен медал екипно во крос-кантри натпреварување), а има учествувано и на многу меѓународни натпреварувања (европски олимписки игри, светско првенство во полумаратон, европски првенства во крос-кантри, светски и европски првенства во планинско трчање). Последните десетина години активно го промовира рекреативното и професионалното трчање во Скопје и Македонија преку својата школа за трчање. Таа денес има над 200 членови на кои им овозможува бесплатни групни тренинзи и многу други активности (патувања, едукации, дружења, забави). Во неа се добредојдени сите љубители на рекреативното и професионалното трчање. Кокан е редовно вклучен во настани и проекти поврзани со трчањето и здравиот начин на живот.
Тој е секогаш достапен за контакт на социјалните мрежи и на имеил: k_ajanovski@yahoo.com www.facebook.com/kokan.ajanovski www.instagram.com/kokan.ajanovski/ #трчамзатебе #трчањетомеучи #ниетрчаме #трчамбезизговори #трчамзаздравјеисреќа #akkastrong