kostas-hadjiantoniou

Костас Хаџиантониу

Костас Хаџиантониу (Κώστας Χατζηαντωνίου) е роден во 1965 година, на островот Родос. Студирал политички науки и јавна администрација на Правниот факултет на Универзитетот во Атина. Неговиот писателски опус, меѓу другото, опфаќа раскази, историски студии за хеленството во Мала Азија, на Кипар и на Химара, есеи, расправи за нацијата и за историјата на Грција и две биографии (на Николаос Пластирас и на Теодорос Д. Пангалос). Од 2006 година е член на Одборот на Националната организација на грчките писатели, додека од 2008 до 2010 година бил член на Комисијата за доделување на Националната награда за книжевност од страна на Министерството за култура. Добитник е на престижната награда „Докимиос Д. Фотеас“, на наградата на Здружението „Христијанско писмо“, на грчкиот ПЕН-клуб итн.

1 book by this author: