Кристен Хелмстетер
Кристен Хелмстетер е авторка на неколку бестселери за животен стил и кулинарство, најпозната по техниката за кафе-муабет со себеси. Под псевдонимот Бриса Стар објавува и романси: „Браќата Јанг“, серија од четири романи, потоа „Слатко како колаче“, „Неговата тајна“, „Спаси ме“, „Заклучена љубов“ и др. Во 2018 година продава сѐ и една година патуваат низ светот со сопругот и ќерката. Моментално живеат во средновековен град на врвот на еден рид во Умбрија, Италија. Свекор ѝ Шед Хелмстетер има голема улога во нејзиниот живот и кариерата. Во 80-тите години тој станува зачетник на саморазговорот со својата книга „Што да кажете кога зборувате со себе“, која ѝ помага на Кристен да го пронајде својот пат и својата сродна душа. Оттогаш почнува нејзината мисија да го создаде животот од соништата и да ги научи и другите преку моќта на мислите и позитивните афирмации да станат творци на животот што го посакуваат. Популарна е со својот блог HappySexyMillionaire.me на кој ги објавува приказните од патувањата и текстови за магичната формула за живот од соништата.