kristijan-stankovski

Кристијан Станковски

Кристијан Станковски е роден на 21 април 1991 година, во Скопје. Средното образование го завршил во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во 2009 година, а потоа се запишал на Факултетот за земјоделски науки и храна. Во неговата професионална биографија се вбројуваат и неколку сертификати – за работа со деца со посебни потреби, стекната во 2017 година, во Романија, од обука за глобалните промени на земјата во 2018 година, во Потругалија и други. Станковски е млад човек со авантуристички дух кој отворено зборува за своите искуства од патувањата низ светот. Работел најразлични професии, од менаџер на програма за детски камп, преку административен работник, до лидер и регрутер во Романија, Чешка и Португалија. Сите тие негови искуства се мотивација за оваа автобиографска книга. Кристијан Станковски, познат како Дечкото со картоните, е препознатлив по својот креативен настап на социјалните медиуми. Тој праќа пораки за моралните вредности и стварноста што ја живееме, придонесувајќи на тој начин за кревање на свеста на младите за актуелните проблеми во нашата земја и во светот.

1 book by this author: