kristina-ohlsson

Кристина Улсон

Кристина Улсон е родена на 2 март 1979 година, во Стокхолм. Таа е политички научник и една од најуспешните шведски авторки на криминалистичка фантастика и на книги за деца. Пред да стане писателка со полно работно време во 2012 година, Кристина работела за ОБСЕ, Шведската безбедносна служба и Министерството за надворешни работи. Нејзините криминалистички романи за Фредрика Бергман постојано се во потесниот избор за Најдобар криминалистички роман на годината на Шведската академија и се наоѓаат на списокот на бестселери низ целиот свет. Во 2010 година ја доби наградата „Стабило“ за најдобар автор на криминалистички романи на Јужна Шведска. Кристина Улсон брзо се етаблираше како мошне популарна авторка со широка публика и меѓу возрасните и меѓу децата. Авторка е на осум крими романи: Непосакуван (Askungar); Замолчан (Tusenskönor); Исчезнатиот (Änglavakter); Заложник (Paradisoffer); Избраниот (Davidsstjärnor); Лотус блуз (Lotus BLues); Миос блуз (Mios BLues); Поплава (Syndafloder).

1 книга од овој автор: