leil-lowndes

Лил Лаундес

Лил Лаундес е меѓународно признат експерт за комуникации која е личен подучувач на највисоките директори во компаниите на листата на списанието Форчен 500, како и на вработените кои редовно комуницираат со странки, во насока на станување поефектни комуникатори. Одржала свои презентации во практично секој позначаен град низ САД; држи комуникациски семинари за американскиот Мировен корпус, за различни странски влади и за големи корпорации. Покрај тоа што освојува аудиториуми на стотици телевизиски и радиоемисии, за својата работа има добиено големи пофалби од Њујорк тајмс, Чикаго трибјун и од списанието Тајм. Нејзини статии се објавувани во професионални списанија и во популарни изданија како Редбук, Њу вуман, Псајколоџи тудеј, Пентхаус и Космополитен. Живее во Њујорк. Автор е на многу книги, вклучувајќи ги и одлично продаваните Како да направите секој да се вљуби во Вас (How to Make Anyone Fall in Love with You) и Како да бидете магнет за луѓето (How to Be a People Magnet). Ако наидете на какви било комуникациски техники, пратете ѝ ги на Лил – за да може да ги сподели со другите. Многу би сакала да ѝ пишете. Нејзината е-адреса е: leil@peoplemagnet.com. Би сакале ли уште комуникациски техники од Лил? Пријавете се за нејзиниот бесплатен месечен комуникациски совет. Одете на lowndes.com и кликнете на „Subscribe“.

1 книга од овој автор: