Леонардо Змајшек
Леонардо Змајшек е роден на 25 јуни 2004 година во Скопје. Уште од рана возраст се покажува како љубопитно дете кое неуморно го истражува светот околу него. Основното образование го завршува во ООУ „Љубен Лапе“ во Скопје, како еден од најистакнатите ученици со многубројни признанија од повеќе области. Пишува стихотворби, есеи и раскази. Зема учество на сите училишни литературни конкурси, закитувајќи се со голем број награди. Средното образование го продолжува во СУГС „Орце Николов“ во Скопје. Во текот на средното образование, Змајшек е еден од најактивните членови на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија. Станува член и на дебатниот клуб при Младинскиот образовен форум во учебната 2020/21.
Низ целиот овој период, Замајшек пишува проза. Во 2021 година добива идеја да напише збирка раскази која метафорично ќе ги искаже некои од неговите погледи на светот. Така, во 2022 година ја издава збирката „Зошто ме тргаш од ѕвездите?“ како прво дело зад кое стои неговото име.